Седум нови случаи на заболени со морбили, заболуваат и вакцинирани  


Седум нови случаи на заболени со морбили биле регистрирани во текот на вчерашниот ден. Двајца од заболените се задржани на болничко лекување.  Од ново заболените тројца се возрасни. Од оние кои се задржани на болничко лекување, едниот пациент има 38 години од Општина Кисела Вода, а другиот е дете на возраст од две и пол години од село Јурумлери во Општина Гази Баба и не е вакцинирано. Амбулантски се прегледани и пратени на домашно лекување пет пациенти,  велат од Министерството за здравство. Две деца под една година, невакцинирани, како и двајца возрасни, со по 35 години, едниот има примено една доза против мали сипаници, а за другиот нема податок за вакцинален статус. Од морбили  во текот на вчерашниот ден заболел 25-годишен пациент од Гостивар без вакцинален статус. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби  во моментов има хоспитализирано 21 пациент заболен од морбили.