Седницата за распишување на референдумот закажана за 15:30 часот


Иницијативата за распишување референдум за името потпишана од пратениците од владејачкото мнозинство-СДСМ, ДУИ и БЕСА е поднесена во Собранието на Република Македонија.

Седницата за донесување на одлуката за распишување референдум, претседателот на Собранието, Талат Џафери ја закажа за 15:30 часот.

Според информациите од владејачкото мнозинство, на оваа седница на дневен ред ќе бидат две одлуки, таа за распишување на референдумот и одлука за распределување средства за таа намена.

На седницата иако не ја поддржаа иницијативата ќе присуствува и пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ која најави дека ќе го образложи својот став зошто се против ваквата одлука и референдумско прашање.