СДСМ: Помирувањето не значи упад во правосудството


Предлог Законот за амнестија поднесен од антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ е обид за брутален упад во правниот систем на државата и дерогирање на владеењето на правото, се вели во соопштението на СДСМ.

„Зад предлогот на антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ стои единствено обид да се издејствува амнестија за носителот на криминалот, Никола Груевски и да се урне процесот на помирување почнат во Собранието. На Македонија и е потребен процес на помирување, но тоа не значи упад во судството“, се наведува во соопштението.