СДСМ објави отворен повик за кандидати за претседател на државата


Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денеска на својата на веб страницата објави отворен повик за самокандидрање на кандидати за претседателски избори 2019 година.

Во огласот се наведени четири критериуми кои се бараат од кандидатите: да е личност со висок општествен углед, да биде способен за извршување на високи државнички функции, да ужива доверба на членството и симпатизерите на СДСМ, како и да биде личност која на најдобар начин ќе ја оживотворува политиката на СДСМ и ќе работи на реализација на стратешките приоритети на Република Македонија-полноправно членство во НАТО и ЕУ, како и меѓународна афирмација и промоција на Република Македонија.

Рокот за пријавување на кандидатите е до 19 февруари. Тие своите апликации треба да ги достават до Извршниот одбор на партијата.

Оваа олука за објавување повикот за кандидирање била донесена на последната седница на Централниот одбор на СДСМ кога беше најавено дека до крајот на неделата ќе се одржи и седница на Извршниот одбор за да се донесе конечна одлука дали ќе има предвремени парламентарни избори заедно со претседателските избори.

Според најавите од СДСМ, кандидатот за претседател на партијата ќе биде објавен на конгресот закажан за 3 март.

Освен за претседател, СДСМ денеска објави отворен повик и за самокандидрање кандидати за градоначалници на општините Охрид, Дебар и Ново Село за локалните избори, што ќе се одржат со претседателските.