СДСМ: Нема предвремени парламентарни избори


Извршниот одбор на СДСМ вечерва одлучи да не се оди на предвремени парламентарни избори.

„ Одговорна партија не мисли на предвремени парламентарни избори, дури и кога рејтингот и е повисок од оној на опозицијата. Веќе сме во НАТО, и одговорна партија не би го загрозила датумот за отворање преговори со ЕУ, не би ги застанала реформите со предвремени избори“,  рече портпаролот на партијата Костадин Костадинов.

Извршниот одбор на СДСМ го овластил претседателот на партијата Зоран Заев, како и генералниот и организациониот секретар да извршат консултации со коалициските партнери и со други партии за да дојдат до консензуален кандидат за претседател на државата.