СДСМ: Конфузни реакции на ВМРО-ДПМНЕ без аргументи


Конфузни реакции на ВМРО-ДПМНЕ без аргументи, Македонија оди напред, никој нема да ја закочи македонската иднина. На ВМРО-ДПМНЕ и беше потребна дополнителна прес-конференција за да ја покрие безидејноста и немањето аргументи на нивната пратеничката група Тоа што пратениците од ВМРО-ДПМНЕ немаат аргументи и настапуваат само со ширење невистини и клевети не може да се покрие со исто таква прес конференција, без аргументи и со искажани невистини, се вели во соопштението на СДСМ.

„Ваквото однесување без политичка насока на делување уште еднаш ја потврдува конфузијата во којашто се наоѓа опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Конечно ВМРО-ДПМНЕ треба да се изјасни пред граѓаните дали е за членство на Македонија во ЕУ и НАТО. Договорот за решение на 25 годишниот спор е патриотски чин во согласност со националните и државни интереси, препознаен и признат од целата домашна јавност и целиот демократски свет. Со него, еднаш засекогаш се гарантира и јакне македонскиот идентитет и се обебзедува европската иднина на Македонија и нејзините граѓани. Никој, па ниту ВМРО-ДПМНЕ и Ѓорге Иванов нема сами да одлучуваат за македонската иднина, туку тоа ќе го сторат сите граѓани на непсореден и демократски начин преку референдум“, се наведува во соопштението.