СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да не ја кочи македонската иднина


Македонија веќе нема генерации за губење, ВМРО-ДПМНЕ да не ја кочи македонската иднина. ВМРО-ДПМНЕ треба да се охрабри и да каже ДА, за македонската иднина. ВМРО-ДПМНЕ треба да го поддржи зајакнувањето и обзбедувањето на македонскиот идентитет, еднаш-засекогаш,  се вели во реакцијата на СДСМ на прес-конференцијата на лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски.

„Граѓаните очекуваат ВМРО-ДПМНЕ да не ја кочи иднината туку да даде поддршка на решението на 25 годишниот спор, што со децении земјава ја влечеше надолу. По 25 години стагнирање, Македонија нема повеќе генерации за губење. ВМРО-ДПМНЕ треба да каже ДА за референдум на којшто граѓаните ќе го имаат последниот збор. ВМРО-ДПМНЕ треба да покаже одговороност и да каже ДА за решението кое што обезбедува членство на Македонија во НАТО и полноправно членство во Европската унијата“, се наведува во реакцијата.