СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да каже дали е за ЕУ и НАТО


Раководството на ВМРО-ДПМНЕ да не се крие зад бесмислени прес конференции и да каже дали е за ЕУ и НАТО, полицијата работи одговорно и професионално, соопшти денеска Центарот за комуникации со јавноста на владеачката партија. Од таму порачаа дека раководството на ВМРО ДПМНЕ предводено Христијан Мицкоски измислува непостоечки случаи, но со нив, како што велат, не може да го покријат криминалот на поранешната владеачка гарнитура.

„Раководството на ВМРО ДПМНЕ да не се крие зад празни, бесмислени прес конференции туку јасно да каже дали е за ЕУ и НАТО или е против.
Бројните судски постапки покажуваат како криминалната матрица на Никола Груевски 11 години системски ги ограбувше и осиромашуваше граѓаните, додека иднината на Македонија ја држеше во заложништво, изолирана. Без напуштање на оваа матрица и јасен повик до пратениците на ВМРО-ДПМНЕ за финализирање на чекорот кој води до членство во ЕУ и НАТО во Собранието Мицкоски останува на страната на Груевски, на страната против членството во НАТО и ЕУ, на страната на изолацијата, се вели во соопштението на СДСМ. Владеачката партија тврди дека стапката на криминал се намалува, а полицијата работи ефикасно, професионално и во служба на граѓаните.