СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да ги повика членовите на референдум наместо да шири невистини


Повеќе од 12 години, ВМРО-ДПМНЕ во јавните настапи, во програмите, тврдеше дека за секое постигнато решение за спорот со Грција граѓаните ќе имаат можност да се изјаснат на референдум, се вели во соопштението на СДСМ.

„Денес, кога Договорот е постигнат, а одржувањето на реферндумот е извесно, ВМРО-ДПМНЕ ги менува ставовите и целосно е нејасно кој е нивниот став. Таквото дејствување на ВМРО-ДПМНЕ е неодговорно, антидржавничко и спротивно на интересите на државата и граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ нема став, нема изградено политики на делување, едно зборува а друго прави. За разлика од ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, СДСМ и претседателот Заев имаат изградени политики, ставови и мислења за кои јавно и отворено зборуваат пред граѓаните, како што личи на секој одговорен политичар. ВМРО-ДПМНЕ да не ја кочи македонската иднина. Наместо да шири лажни вести и невистини за постигнатиот Договор што го штити македонскиот идентитет и ја обезбедува македонската иднина, ВМРО-ДПМНЕ да излезе и да ги повика членовите на реферндум“, се наведува во соопштението на СДСМ.