СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ги вовлекува собраниските служби во политикантски игри


Владејачката СДСМ реагираше на наводите на опозицијата дека се фрлени дел од амандмнаите што таа ги поднесе за Законот за јазиците. Според СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ параниочно шири лажни вести и конструкции, соочена, како што е наведено, со неуспехот на сопствените политики на поделби и омраза.

„Скандалозна е намерата на опозициската партија да ги вовлекува собраниските служби во своите ситни политикантски игри на манипулации и лажни вести.Според јавно достапните информации објавени во медиумите, собраниските служби веќе потврдиле дека сите амандмани поднесени од ВМРО-ДПМНЕ се уредно примени, архивирани и заверени. Сите конструкции на ВМРО-ДПМНЕ паѓаат во вода“, велат од СДСМ

Според социјалдемократите, потегот на ВМРО-ДПМНЕ е очаен и со тоа се прикива изгубената доверба кај граѓаните – со, како што е оценето, постојано измислување лажни вести.

„Законот за употреба на јазиците е целосно во согласнот со Уставот на Македонија. Намерите на ВМРО-ДПМНЕ се да го блокира Собранието и да го кочи реформскиот процес со што работи против интересите на граѓаните и интересите на Македонија“, се наведува во партиското соопштение.