Сакал да викне полиција, но го истепале и му го украле возилото


Возач од скопското село Брест бил нападнат и му бил украден автомобилот бидејќи сакал да повика полиција за да направи увид на сообраќајка.
Инцидентот се случил во саботата на локалниот пат кај село Брест на регионалниот пат Штип – Радовиш. На локалниот пат се судриле „голф 3′ и „фиат пунто“ кое немало регистерски ознаки.

Кога возачот на „голфот“ излегол од возилото и сакал од својот мобилен телефон да ја пријави сообраќјката во полиција, возачот и совозачот од другото возило го нападнале. Откако го истепале му го зеле возилото и избегале, а „фиат пунтото“ го оставиле на местото на несреќата.

Сепак нападнатиот успеал да повика полиција која му го нашла неговиот автомобил бил најден во близина на селото Брест.
Штипската полиција извршила увид на лице место и работи на пронаоѓање на напаѓачите чиј идентитет не е познат.