САД го поздравуваат историскиот договор за решавање на спорот за името


САД го поздравуваат историскиот договор за решавање на спорот за името, пренесува “Глас на Америка”

“САД им честитаат на премиерите Алексис Ципрас и Зоран Заев и го поздравуваат историскиот договор за решавање на спорот за името. Договорот ќе биде од корист за двете земји и ќе ги зајакне регионалната безбедност и напредокот. Премиерите Заев и Ципрас покажаа визија, храброст и упорност во изнаоѓање на заемно прифатливо решение.

САД воедно ја поздравуваат посветеноста на посредникот на ОН Метју Нимиц, во неговите цврсти напори за ставање крај на преку две децении стариот спор.

Подготвени сме да го поддржиме овој договор, како што бараа двете земји”, изјави портаролката на Стејт департментот Хедер Нуерт, во соопштението по повод постигната спогодба меѓу Македонија и Грција.