Руското МНР реагира на изјавата на Џон Саливан за руското влијание


Руското министерство за надворешни работи реагира на изјавата на американскиот заменик државен секретар Џон Саливан за време на неговата посета на Скопје на 18 декември.

„Ние би сакале да го вратиме американскиот службеник во реалноста. Прво, јасна волја на македонските граѓани беше изразена со неуспешниот исход на референдумот во балканската република на 30-ти септември оваа година. Според неговите резултати, мнозинство од населението го отфрли наметнато од страна на САД влечење на Скопје во евроатлантските структури во замена за промената на државното име и откажувањето од националните интереси на земјата“, се наведува во реакцијата.

Тие посочуваат дека американскиот амбасадор бил присутен во зградата на македонското Собрание за време на, како што потенцираат, скандалозното гласање на 19 октомври оваа година. Од министерството обвинуваат дека за да се обезбедат неопходните гласови за уставните измени биле користени валкани манипулации, поткуп и уцена на пратениците.