Руската шанса со Светското првенство


Константин Сонин

Тешко е да се замисли позитивен наслов оваа година со зборовите „Русија“ и „глобално влијание“. Меѓународните медиуми се чини дека се натпреваруваат да обезбедат најслаби можни информации за Русија под претседателот Владимир Путин. А сепак, за два месеца, кога Русија ќе биде домаќин на Светското првенство во фудбал – најгледаниот спортски настан во светот – тоа ќе биде позитивен придонес на меѓународната сцена.

Некои набљудувачи ќе гледаат на Светското првенство во смисла на напорите на Путин да проектира „мека сила“ и како повод за корумпираните руски официјални лица да стават пердуви во своите гнезда. Но, таквото толкување не е најточно. Всушност, Кремљ ќе има уште повеќе корист од одржување добро организиран настан. И со речиси два милиона билети веќе продадени, Светското првенство во 2018 година е на добар пат да биде голем успех.

Луѓето кои купуваат билети сакаат да бидат дел од меѓународен фестивал на кој се натпреваруваат најдобрите светски фудбалери. Нивната цел не е да се направи политичка изјава. Исто така, Кремљ не го експлоатираше Светското првенство за пропагандни цели повеќе од претходните домаќини. Без разлика дали тоа е Германија, Јужна Африка или Бразил, сите ја искористија оваа пригода за да ја избрусат својата репутација за гостопримство и отвореност.

Покрај тоа, во јуни 2017 година, ФИФА го објави целосниот извештај од истрагата на поранешниот американски адвокат Мајкл Џ. Гарсија во 2014 година за процесот за избор на домачин на Светското првенство во 2018 и 2022 година. Извештајот на Гарсија покажува дека Русија очајно сакаше да биде домаќин на настанот и дека Путин дури и упати лични жалби до официјалните претставници на гласачките места во други земји; но сепак не наоѓа доказ за заговор, поткуп или други прекршувања на правилата. Во време кога домашната корупција во Русија и меѓународните правила ги доминираат глобалните наслови, разбирливо е ако тоа откритие е изненадување.

Проектите финансирани од владата во Русија се познати по нечесно работење, а наводи за корупција се вртеа и околу Олимписките игри во 2014 во Сочи. Но, во однос на  инфраструктурата за Светското првенство, мала е веројатноста дека ќе се случи голема измама или  кражба . Во надградбите до аеродромите, транспортните системи и туристичките услуги во градовите домаќините мораа да ги задоволат меѓународните стандарди.Истото важи и за изградбата на стадионот, кој исто така беше предмет на интензивен јавен надзор. Секој проект беше понуден преку конкурентен процес на селекција, а крајните трошоци беа споредливи со проектите за изградба на стадиони насекаде во Европа.

Во секој случај, вреди да се потсети дека Русија минатата година беше домаќин на Купот на конфедерации, при што ги спои актуелниот светски шампион, земјата-домаќин и шестте сегашни регионални шампиони. Како загревање за главниот настан оваа година, Купот на конфедерации беше успешен во однос на логистиката и задоволството на навивачите.

Тешко е да се преувеличи социјалното влијание што Светското првенство ќе го има на Русија. Руските момчиња или девојчиња кои ќе бидат сведоци на меѓународен спортски настан од ваков вид учат да ја ценат различноста и да ја избегнуваат дискриминацијата. Од флаерите и постерите на церемонијата на  отворање па натаму  тие ќе ги гледаат мажите и жените  од повеќе земји како  учествуваат заедно, како знак за родова еднаквост. И во прославите околу купот,  ЛГБТ заедницата, која се соочува со систематски прогон во Русија, ќе има безбедна можност да учествува во граѓанскиот и општествениот живот.

Покрај тоа, за жителите на провинциските руски градови каде што ќе се одржат повеќето од игрите, искуството со десетиците илјади обожаватели од други земји ќе биде како отворањето на очите во периодот веднаш по падот на Железната завеса. Кога присуствував на натпревар во рамките на  Купот на конфедерациите во Казан во јуни минатата година, судијата и репрезентациите беа од Саудиска Арабија, друг официјален претставник беше ирански, а трет беше Американец. За оние кои го гледаат светот преку нетолерантен геополитички објектив, ваквиот поглед нуди моќен коректив околу соработката и колегијалноста.

ФИФА проценува дека околу 250 милиони луѓе во повеќе од 220 земји играат фудбал. Меѓународната фан база на играта е повеќе од 1,3 милијарди. Граѓаните на повеќето земји дури и не сонуваат да видат дека нивниот национален тим ќе победи на Светското првенство; сепак, тие ја следат секоја секунда од игрите на својот тим. Впрочем, за разлика од професионалните лиги, каде што перформансите на тимот имаат тенденција да ги следат своите финансиски ресурси, фудбалот на национално ниво им нуди дури и на најмалите земји фер учество. Затоа малиот Уругвај е двократен шампион, а Холандија се гордее со себе како трикратен финалист.

Академските истражувања покажаа дека спортски мега-настани, како што се Светскиот куп и Олимпијадата, даваат неколку директни економски придобивки за земјите домаќини. Но, истото истражување покажало дека луѓето што живеат во тие земји доживуваат значително зголемена среќа за време и по настаните.

Го видов тоа од прва рака во Казан минатиот јуни, кога Русија го надигра Мексико во квалификацискиот круг за полуфиналето на Купот на конфедерации. Русија загуби откако голманот направи глупава грешка и најдобриот играч беше исфрлен заради удирање на противникот. Сепак, стадионот беше прекрасен, настанот беше добро организиран, а 40.000 обожаватели уживаа во прекрасна вечер.

Тешко е да се поверува дека националниот тим на Русија ќе го освои Светското првенство во јули оваа година. Но, постојат сите причини да се верува дека Русија ќе биде одличен домаќин за важен, обединувачки глобален настан.

(Авторот е професор по јавна политика на Универзитетот во Чикаго)

Copyright Project Syndicate