Руската амбасада го прекори „Гардијан“


Насловната страница на познатиот британски весник „Гардијан“, во која вели дека референдумот во Македонија бил уште една победа за Русија, ја натера руската амбасада во Скопје да реагира. На својот профил на Твитер, амбасадата возвраќа дека медиумот си игра со репутацијата што ја има.

Почитуван ‘Гардијан’ (и другите западни медиуми), обвинувајќи ја Русија за неуспехот на референдумот во Македонија, значи дека или ви недостига експертиза или намерно го потценувате македонскиот народ. Како и да е, ниту едното ниту другото не е добро за вашата репутација“, се наведува во статусот.

Амбасадата на Руската Федерација во Македонија честопати знае со иронија, сарказам или со духовитост да реагира на одредени појави, особено доколку на мета им се западните дипломатии.