Русите изгубија, па повторно воспоставија контакт со сателитот „Ангосат 1“


Руската вселенска агенција Енергија успеа да воспостави контакт со сателитот „АнгоСат-1“.

Руските научници вчера соопштија дека загубиле контакт со комуникацискиот сателит, кој беше лансиран во вторникот за потребите на Ангола.

„АнгоСат-1“ е првиот сателит на Ангола лансиран во Вселената. Ангола и Русија соработуваат на програмата за подобрување на комуникациските врски во африканската држава вредна 300 милиони долари.

Во ноември, руските научници го загубија метеролошкиот сателит „Метеор-М“ вреден 45 милиони долари поради програмерска грешка.