Рот: Дискусијата за Македонија „разочарувачка“


Германскиот министер за Европа Михаил Рот  излезе лут од состанок на Советот на ЕУ во Луксембург и им довика на новинарите дека дискусијата за Македонија била „многу разочарувачка“, но одби да каже зошто.

Рот пред денешниот состанок на Советот за општи работи во Луксембург, изјави дека Берлин е подготвен да даде зелено светло за почеток на преговорите со Македонија и Албанија.

– Германската Влада е подготвена да ги поддржи Македонија и Албанија на нивниот пат кон ЕУ. Подготвени сме да дадеме зелено светло и би сакал да ги охрабрам и нашите пријатели во Холандија и Франција да ни се придружат, рече Рот.

На прашањето дали очекува тоа да се случи денеска, Рот истакна дека не е сосема сигурен, но оти се надева дека ќе се случи и оти е воздржан оптимист.