Родител објави фотографии од детето искасано од куче (ФОТО)
Родител на дете кое синоќа било искасано од куче објави фотографии од раните на неговата ќерка.
„Ова се раните на мојата помала ќерка Ума која вечерва беше нападната од куче во населбата Аеродром. Детето ми е спасено благодарение на госпоѓа Тања, случајна минувачка, која со голи раце се нафрли на кучето да ја спаси Ума. Барам правен совет. Сакам да тужам““, објави родителот на својот Фејсбук профил.