Реформистите без кандидат на Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ


Нема да предложиме кандидат за претседател на Конгресот на 23 декември, информира Централниот штаб на Внатрепартиската иницијатива за демократизација и модернизација на ВМРО-ДПМНЕ кој денеска во Скопје одржа состанок во присуство на активисти од Републичкиот штаб, 19 Окружни и сите Општински штабови низ земјава.

Начинот на кој се повика и брзината со кој се организира овој вонреден Конгрес, за жал може да биде причина за негово повторување во блиска иднина, велат од иницијативата.

Тие изразуваат благодрност до  208 -те делегати кои дале поддршка на идејата за учество на Внатрепартиската Иницијатива на овој Конгрес.

-Повикуваме нивната одлука за учество на Конгресот и евентуалната поддршка на некој од предложените кандидати за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, да ја изразува нивната слободна волја и убедување од една страна, но особено да ги имаат во предвид принципите и заложбите на внатрепартиската иницијатива и барањето за демократизација на Статутот на партијата – се вели во соопштението.