Ред Бул го шири фудбалското семејство, сега купи клуб во Бразил
Компанијата Ред Бул купи нов фудбалски тим. Се работи за бразилската екипа Брагантино кој ќе треба да ја исполни долгогодишната желба на Ред Бул да има тим во елитата на бразилскиот фудбал.
– Веруваме дека заедно можеме да стигнеме до повисоко ниво преку инвестиции и нашиот технички капацитет, изјави извршниот директор на РБ Бразил, Тиаго Скуро.
Претходно, потпретседателот на Брагантино, Луј Артур Еби Чедид го потврди договорот.
– Најдоброто партнерство во Бразил е родено денес! РБ Брагантино!, напиша тој на Фејсбук. Според Скуро, договорот уште не е потпишан и претстои последните детали за него да бидат допрецизирани.
Во иднина, тимот ќе се нарекува РБ Брагантино и под ова име ќе се обиде наредната сезона да влезе во првата лига. Производителот на енергетски пијалаци се очекува да инвестира околу 10 милиони евра. Тие ќе одат за нови играчи, обновување на стадионот и нов тренинг центар.
Ред Бул има амбиции во Бразил многу години. Во 2007 година, компанијата го основа Ред Бул Бразил, но овој клуб никогаш не успеа да се искачи повисоко од четвртата дивизија.
– Важно е за РБ во наредните години да се погрижиме да развиеме повеќе играчи на места како Њујорк и Бразил, кои би не засилиле, изјави пак спортскиот директор на РБ Лајпциг, Ралф Рангник.
Лајпциг е најголемиот тим во портфолиото на компанијата која има клубови уште во Салцбург и Њујорк.