Рауфи за „Независен“: Во „бомбите“ на СЈО се лицата што го реализираа „Монструм“


Главните лица што се осомничени во случајот „Монструм“ се на слобода, реакциите во јавноста не стивнуваат. Врховниот суд донесе решение со кое на четири лица, кои се обвинети во случајот „Монструм“, им определи домашен притвор, редовно јавување пред Кривичниот суд, двапати неделно, а обвинетите веднаш се пуштаат на слобода. Адвокатот на обвинетите, Насер Рауфи, во интервју за „Независен“ изјави дека во „бомбите“ што ги поседува СЈО можат да се пронајдат лицата што го организирале и реализирале целиот случај и истите многу брзо ќе излезат пред лицето на правдата. Фактот дека се пуштени на слобода лицата што се товарат за случаите „Монструм“ и „Сопот“, според Рауфи, се главен доказ дека конечно во Македонија се спроведуваат судските реформи побарани од Европската комисија.

„Независен“: Претходно за нашиот весник изјавивте дека тајните служби се главните организатори и реализатори на случајот „Монструм“, може да разјасните повеќе од каде ви се овие информации дека главните лица што се осомничени се невини?

Рауфи: Тие информации со кои располагам сѐуште не можам да ги споделам со јавноста бидејќи се од таен карактер. Но и од случајот, како и од разни други сигурни и доверливи извори, мислам дека ќе бидат пронајдени главните и вистинските виновници за овој случај. Мислам дека ова ќе се случува во наредните сесии и пред сослушувањата. Министерството за внатрешни работи треба да дејствува и да ги детектира вистинските нарачатели на овој случај.

„Независен“: Како ќе тече понатамошниот процес за случајот „Монструм“ и дали очекувате истиот во скоро време да има своја разрешница и осомничените лица конечно да ја докажат нивната невиност и да ја уживаат целосната слобода?

Рауфи: Читајќи ја пресудата на Врховниот суд, можам да заклучам дека нема да има многу сослушувања. Како што потврди и Врховниот суд, нема ниту еден доказ од Обвинителството што е доставен до првостепениот судија. Има моменти дека лицата кои се главните осомничени за ова дело дури и не биле учесници во истото. Како на пример за Халил и Агим Исмаиловиќ имаме некои други информации и објаснувања во жалбата за неподнесувањето на доказите, што претставува елементарна работа во судството. Има и многу други моменти што ги објаснува Врховниот суд, а кои укажуваат дека овој случај нема да биде одолговлекуван бидејќи, практично, објаснувањето на Врховниот суд за мене укажува дека лицата треба автоматски да се ослободат од обвиненијата.

„Независен“: Откако ќе се докаже невиноста на обвинетите лица во случајот „Монструм“, дали ќе побарате обесштетување од државата?

Рауфи: Секако дека ќе побараме обесштетување, а тоа ќе се случи откако ќе се повлече Обвинителството, и ова е реално сценарио. Ќе побараме обесштетување кога одлуката ќе стане правосилна. Ние веднаш после овие чекори ќе ја поднесеме граѓанската тужба за обесштетување за овој случај.

„Независен“: Дали очекувате екипата на Катица Јанева под свои закрила да го земе случајот „Монструм“?

Рауфи: Од информациите што ги имам од оние што го работат овој случај, мислам дека во прислушуваните материјали што ги има специјалното јавно обвинителство, токму таму се пронајдени вистинските реализатори на овој случај. Јас и понатаму цврсто верувам дека овој случај е направен и спроведен од тајната служба заедно со структурите за сигурност и безбедност и мотивот бил политички. Во тие прислушувани материјали се пронајдени вистинските нарачатели и тие материјали ги има специјалното јавно обвинителство и ова е првата причина зошто СЈО треба да го земе овој случај. За ова да се случи, нема ниту една законска пречка, бидејќи се работи за активно обвинение. Ден порано да се пронајдат реализаторите и „Монструм“ да го преземе од СЈО.

„Независен“: Откако ќе се пронајдат и ќе се докаже кои се вистинските виновници и организатори на случајот „Монструм“, дали е можно Македонија да се соочи со дестабилизација и да биде нарушена безбедноста на граѓаните?

Рауфи: Не мислам така, дури и премиерот Заев за германските медиуми изјави дека не е можен таков тек на настаните. Не мислам дека ќе има такви последици, но според мене треба да се донесе законот за заштита на сведоци бидејќи и заштитениот сведок има информации за вистинските реализатори на „Монструм“. Јас лично мислам дека повеќе лица се вклучени во реализацијата на овој случај, а сум сигурен во инволвираноста на тајната служба и Министерството за внатрешни работи. Не очекувам тешки последици и вистината ќе излезе на виделина.

„Независен“: Со промената на власта, дали има позитивно преместување во контекст на побараните Реформи во судството за Македонија од страна на Европската комисија.

Рауфи: Посебно преку случајот „Монструм“ се покажува и докажува дека реформите и владеењето на правото започнале. Исто и случајот „Сопот“ го докажува истото. Ние очекуваме овој случај под своја ингеренција да го преземе Специјалното јавно обвинителство, но без оглед на ова, јасно е дека и обвинителство е во фаза на организирање како и судот кога ги прифати таканаречените „бомби“ како доказ го докажа истото. Ова покажува дека има големо раздвижување во судските реформи и започна владеењето на правото во Македонија и во ова сум сигурен.

Блерим Исмаили