Рангелова: Нема да гласам за уставните измени


„Јас со крената глава и достоинствено на референдумот гласав ’против’ Преспанскиот договор и тоа е во рамки на партискиот став на ВМРО-ДПМНЕ – секој да одлучи по сопствено убедување. Јас дејствувам транспарентно во партијата и за мојот став дека сум против апстиненција или бојкот го информирав Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и не се каам поради тоа. Прашањето за името е натпартиско и за него треба да одлучуваат единствено граѓаните на Република Македонија, на референдум, затоа што само на тој начин ќе имавме јасна слика за волјата на граѓаните, дали сме ’за’ или ’против’. Но, за жал, по гласањето, јас и моите колеги бевме изложени на невиден притисок, омаловажувања, понижувања и закани по животот во јавноста преку социјалните мрежи, за кои сакам да останат избледнети спомени, кои ќе бидат заборавени во минатото“, вели Даниела Рангелова, пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ во интервју за „Призма“.

Таа потенцира дека нема да гласа во Собранието за уставните измени за ратификација на спогодбата со Грција. Вели дека партијата не си ја одиграла соодветно улогата кога е во прашање целиот процес. Ги разбира критиките од Европските народни партии, чиј што член е ВМРО-ДПМНЕ и нагласува дека изолирана партија е партија без иднина.

„Јас своето право како граѓанин го остварив на денот на референдумот, гласав и заокружив ‘против’, а како пратеник во Собранието на Република Македонија нема да гласам за уставни измени“, вели Рангелова.

Целото интервју можете да го прочитате на следниот линк:

http://prizma.mk/rangelova-izolirana-partija-e-partija-bez-idnina/