Рама од Пешкопеја најави почеток на изградбата на автопатот „Руга е Арбрит“


Албанскикот премиер Еди Рама, од пограничниот град Пешкопеја, најави почеток на изградбата на автопатот „Руга е Арбрит“(Патот на Арбр“).

– Руга е Арбрит нема да биде илузија туку реалност. Овој автопат е национално прашање, прашање на корекција на историскта неправда за луѓето изолирани со децении, правда што како задача ја има албанската држава. Руга е Арбрит ќе го оживее целото подрачје,- вети Рама пред насобраните граѓани,не посочувајќи одреден датум за тоа.

За доцнењето со реализаиција на проектот, Рама ја обвини претходната влада, која поптишала проект со кинеска компанија и истиот го нарече „авантура со кинеска компанија и демократите“.

Првичниот проект предвидувал инвестиција од над 300 милиони евра,но со залагање на неговата влада  тој договор е анулиран и сега потпишаниот предвидува инвестиција од 250 милиони евра.

Со изградбата на автопатот кој се поврзува со Македонија кај преминот „Блато“ на албанско-македонската граница кај Дебар, оддалеченоста до Тирана се намалува за цели 100 километри и ќе изнесува 82 километри.

Пратеничката од оваа изборна единица Реме Лала, од говорницата соопшти дека од денеска  се приклучува кон пратеничката група на Социјалистичката партија идентично како и нејзината сопартијка од Елбасан,кои до сега беа пратенички од Партијата за правда и единство,односно партијата на Чамите.

На средбата одржана под мотото „ Руга е Арбрит,одржано ветување“ присуствувале и граѓани од Дебар.

Инаку, и во Пешкопеја, Рама беше пречекан со протест,поради што морала да интервенира полицијата,па средбата со граѓаните почна подоцна од предвиденото. Со протести беше пречекан и при посетата во Елбасан,Церик,Балш,Фиер и Љушња.