Разрешениот директор на затворот во Струга е назначен за директор на ЈП за паркови и зеленило – „Еко Струга“


Арменд Шаќири, кого Владата го разреши од функцијата директор на затворот во Струга, каде се води истрага за нелегална трговија со дрога и оружје во која се инволвирани осуденици, со одлука на локалната самоуправа со која раководи Рамиз Мерко, кадар на ДУИ, е назначен за директор на новото јавно претпријатие за паркови и зеленило – „Еко Струга“, пренесува Телма.

Шаќири е разрешен од функцијата директор на затворот во Струга, како што велат од владата, на негово барање. Сепак тој останува на раководна позиција, но во новото јавно претпријатие што го формира општина Струга со која раководи владејачката ДУИ.