Промовиран „Самсунг Галакси Ноут 9“ во Скопје: Најинтелигентната камера досега и целодневна батерија


Последниот од серијата премиум ноут мобилни телефони на компанијата „Самсунг електроникс“, долгоочекуваниот „Самсунг Галакси Ноут9“ денеска беше промовиран и во Скопје, а од утре веќе ќе го има во продажба. Унапредувањето на овој уред носи бројни промени во насока на задоволување на потребите на корисниците.

Обезбедува неверојатни перформанси, ново “С“ Пенкало (S Pen) со можност за Блутут (Bluetooth) поврзување и најинтелигентна Самсунг камера.

Според Милан Вујовиќ, првиот човек на „Самсунг електроникс“ за јадранскиот регион, во кој се наоѓа и Македонија, овој телефон е за оние кои сакаат да имаат се.

(Милан Вујовиќ, првиот човек на „Самсунг електроникс“ за јадранскиот регион)

„Претставувамe еден од најдобрите телефони во светот во моментов. Горди сме на конечниот производ и револуционерната иновација. Кога зборуваме за иновации на полето на технологијата се случуваат секојдневно. Потребно е секој да бидеш различен, единствен, недофатлив за конкуренцијата. Потребно е да се менувате себес си , за сето она што го правите за портошувачите да има смисла. „Галакси Ноут 9“ носи бројни промени и унапредувања, не само во брзината и перформансите на уредот, туку го менува погледот на светот околу нас. Идеален е за оние кои сакаат се и кои го бараат најдоброто од најдобрите. Унапредувањето на овој уред е толку моќен што ми е тешко да набројам се, од траењето на батеријата, најголемиот екран досега, најинтелигентната камера, брзината на стримање…Тоа е она што на нашите корисници им е потребно, а нашата цел е да го исполниме“, вели Вујовиќ.

(Марјан Блажевски, директор на продажба на телекомуникациски производи на МК-пазар на „Самсунг Електроникс“)

Марјан Блажевски, директор за продажба на телекомуникациски производи на Македонскиот пазар на „Самсунг Електроникс“, во рамки на официјалното претставување на Галакси Ноут9 рече дека ова е дополнување на Ноут серијата која од година во година ги надминува очекувањата на корисниците кога станува збор за перформансите и иновативните технологии кај паметните телефони.
– Овој уред поседува голем број на импресивни карактеристики кои ќе им помогнат на корисниците да го извлечат максимумот од своите секојдневни активности, без разлика на тоа каде се наоѓаат – рече Блажевски.

(Самсунг амбасадорот и презентер Ивана Говова и актерот Сашко Коцев во улгоа на водител на настанот)

Самсунг амбасадорот и презентер Ивана Гогова во детали ги презентираше бенефициите од Галакси Ноут9, кој меѓудругото интересн податок е еволуцијата на „С“ пенкалото.

Целодневна батерија
Корисниците имаат потреба од телефон кој нема да ги изневери, а Галакси Ноут9 со својата батерија од 4.000 mAh со долготрајна моќност за целодневна употреба овозможува разговори, пишување, играње игри и гледање филмови од утро до вечер.

Зголемена меморија, помалку бришење
Ноут9 е достапен со внатрешна опција за зачувување податоци од 128GB. Со можноста за вметнување микроСД (microSD) картичка, новиот уред обезбедува доволно простор за омилените содржини на корисниците.

Неверојатна брзина
Галакси Ноут9 е супер моќен паметен телефон со најсовремен 10nm процесор и поддршка за највисоките мрежни брзини достапни на пазарот (до 1,2 гигабити во секунда). Овој паметен телефон го вклучува и водечкиот во индустријата, развиен од Самсунг, систем за ладење со вода и јаглерод и алгоритам за адаптирање на перформансите базиран на вештачка интелигенција (АИ), за да ги испорача моќните, но стабилни перформанси.

Еволуција на „С“ пенкалото
Дел од најновите Самсунг иновации пристигнуваат во форма на Самсунг Галакси “С“ Пенкалото – карактеристичниот белег на Ноут серијата кој овој пат пристигнува со многу повеќе можности и функционалности. Со поддршка за Блутут Ниска-Енергија (Bluetooth Low-Energy – BLE), новото “С“ Пенкало нуди сосема нов начин за користење на Ноут уредот. Со само еден клик, сега корисниците може да се направат “селфи“ и групни фотографии, да презентираат слајдови, да паузираат и пуштаат видео содржини.

Совршена фотографија
Предизвик за сите корисници на паметни телефони е креирањето на совршена фотографија која ќе изгледа исто како оние направени од професионалците. Со помош на Галакси Ноут9, кој се базира на водечката технологија за камери на Самсунг, корисниците имаат на располагање нови можности – оптимизација на сцена и итни известувања доколку фотографијата не е во ред. Овие функции помагаат за креирање на неверојатно реалистична слика со јасни бои и динамичка дефиниција, без заматувања, отисок и прашина на објективот или задно осветлување што влијае на квалитетот на фотографијата.
Со уникатната комбинација на нови функции и водечки премиум хардвер, со напредна технологија за намалување на шум и објектив со двојна решетка, која се прилагодува на светлината исто како човечкото око, камерата на Галакси Ноут9 обезбедува кристално чисти и совршени фотографии.

„Галакси Ноут9“ има унапредено мултимедијално искуство, стерео звучници, брзо безжично полнење, како и сигурносна платформа „Knox“ со биометриски безбедносни опции, отпорност на вода. како и Самсунг Декс интегриран во самиот уред, кој нуди и искуство слично на користење на компјутер.

Ивана Настеска