Продолжуваат консултациите за законот за помирување за „27 април“


Интерпартиската парламентарна група за помирување, реформи и интеграција во Собранието на Република Македонија, следниот состанок ќе го одржи најверојатно в среда, најавија членови на групата.

Денешниот состанок на работната подгрупа за помирување беше прекинат поради нови информации за кои се потребни дополнителни консултации во врска со законското решение за амнестија на дел од учесниците во настаните во Собранието на 27 април минатата година.

Претседавачот со оваа подгрупа Зекир Рамчиловиќ рече дека дополнително ќе информира за продолжението на состанокот на кој требаше да се доуреди предлог законот за амнестија.

На денешниот состанок на подгрупата присуствуваше и заменик-министерот за правда Оливер Ристески.