Продажба на деценијата – мистериозен богаташ даде 40 милиони евра за стан во Париз


Најскапиот апартман на парискиот пазар на недвижности продаден е за 39 милиони евра  на неидентификуван индустријалец кој ја напушта Британија поради Брегзит.
Недвижноста од 1.000 метри квадратни со 16 соби продадена е за седум милиони евра повеќе од претходната најскапа во Париз.
Станот од соништата е на три ката во градба од 18 век во срцето на француската престолнина. На станот му припаѓа и градина од 300 метри квадратни.
Името на купецот е тајна, но локалните медиуми пишуваат дека во прашање е европски индустријалец кој сака да се прибере во Париз во очи на британскиот развод со европската унија.
мистериозниот тајкун не е осамен случај затоа што богаташите стравуваат за нивните имоти кои може да изгубат на вредност по Брегзит и сметаат дека Париз е добра локација за реинвестирање во недвижности.
Толку висока цена за една недвижност е реткост за Париз. Последен пат цена повеќе од 30 милиони евра постигната е во 2007 година кога ќерката на поранешниот претседател на Узбекистан пријави дека купила пентхаус во Париз од 688 метри квадратни за 31 милион евра.