Привремено одземен дел од имотот на Камчев


Специјалното јавно обвинителство побарало привремено одземање на имотот на бизнисменот Орце Камчев заради обезбедување, а судот определил привремени мерки и забрани отуѓување и располагање со уделите на фирмите за кои постои основано сомнение дека била прибавена имотна корист со кривичните дела за кои се води постапката за случајот „Империја“.

„Воедно судија на претходна постапка, постапувајќи и по два предлога на надлежното обвинителство за привремено запирање на извршување на финансиски трансакции на правните лица за кои постои основано сомнение дека со кривичните дела, лицата опфатени во конкретниот предмет, прибавиле имотна корист, судијата ги прифати предлозите и со решенија наложи на повеќе банки да го запрат одливот на парични средства од сметките на предметните правни лица“ , соопштуваат од судот.