Претседателот на Парламентот на Албанија во посета на Македонија


Претседателот на Парламентот на Република Албанија, Грамоз Ручи денеска ќе престојува во посета на Собранието на Република Македонија, каде ќе има тет-а-тет средба со неговиот македонски колега Талат Џафери.

Ручи, во рамки на посетата, ќе се обрати пред пратениците во рамки на 69.седница на Собранието на Република Македонија. Тој ќе се потпише во Книгата за впечатоци и ќе се сретне со пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Албанија.