Преку законски измени владата ќе го решава проблемот со бездомните кучиња


Владата на денешната седница иницираше измени на Законот за здравствена заштита и благосостојба на животните.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство е задолжено заедно со Агенцијата за храна и ветеринарство, со Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Македонија – ЗЕЛС и во соработка со граѓанските организации за правата на животните, во најкус период да подготви законски измени за да се надмине проблемот со бездомните кучиња.