Прекинува бесплатниот јавен превоз во Скопје


Одлуката за бесплатно користење на јавниот превоз прекинува да важи денеска, 22.01.2019 година од 18 часот, информираат од Јавното сообраќајно претпријатие од Скопје.

„Одлуката ја донесе Град Скопје, согласно добиените информации од Министерството за животна средина и просторно планирање дека среднодневните концентрации на ПМ10 честички во воздухот се под дефинираниот праг на алармирање од 200 µг/м3 и епизодата со зголемено загадување во текот на два последователни дена е прекината.
Со тоа, се укинуваат да важат вонредните мерки за намалување на загадувањето на воздухот, меѓу кои е и бесплатниот јавен превоз“, стои во соопштението.