(Видео) Предновогодишен концерт на воениот оркестар – без врховниот командант


Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, во Домот на АРМ се одржува трилатерален концерт на заеднички оркестар на армиите на Македонија, Црна Гора и на Бугарија. Концертот е во духот на регионалната соработка, а на репертоарот се различни нумери од познати домашни и светски автори, теми од филмската музика и од изворната македонска музика. На настанот, покрај министерката за одбрана Радмила Шекеринска, присутни се повеќето членови на владата. Концертот го следат и претставниците на државниот врв – премиерот Зоран Заев и претседателот на Собранието Талат Џафери. Единствено не е присутен шефот на државата Ѓорѓе Иванов, кој е и врховен командант на АРМ. Од ГШ на АРМ информираат дека на концертот на воените оркестри е поканет и Иванов, но не се знае зошто не присуствува на настанот.