Прв ден без автомобили на Водно


Граѓаните на Скопје вчера имаа можност првпат да се качат на Водно со бесплатни автобуси.
На секои 40 минути од паркингот спроти Домот на печат и спроти катната гаража кај „Автомакедонија“ тргнуваа автобуси кои во еден одреден период беа преполни со рекреативци, обични граѓани и семејства со деца. Забрането беше движењето и на такси-возилата, а забрана има и за миленичињата, така што тие што сакаат со нив да се качат на Водно отсега ќе мора да пешачат од долу до врвот.

Како и да е, повеќето граѓани ја поддржаа иницијативата што треба да им ја врати планината на тие што сакаат чист воздух.