Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ влегоа во собраниската сала


Речиси целата пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ е моментно во собраниската сала, каде што само што почна седницата за пристапување кон уставни измени. Прв говорник е поранешниот координатор на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски.

Во салата се појави и поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, кој побара да биде ослободен од денешеното судско рочиште за случајот „ТНТ“ за да присуствува на собраниската седница.

Претпладнето, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ беа на координација со партиското раководство во централата на опозициската партија.

(Г.А.)