„Правосудство“: Компанијата МПМ ги прислушувала своите вработени?


Деновиве во јавноста беа презентирани доверливи информации според кои „Македонски Телеком“ бесплатно инсталирал опрема, односно телефонски централи преку кои, најверојатно, се прислушувале вработените во компаниите, објавува порталот „Правосудство“.

Во текстот на порталот се вели дека меѓу оние што биле „привилегирани“, односно меѓу оние фирми што добиле бесплатна телефонска централа е и компанијата „Медиа принт Македонија“, во чијшто состав излегуваа дневните весници: „Дневник“, „Утрински весник“, „Вест“ и „Македонски спорт“, како и неделникот „Теа модерна“ и порталот „Телеграф“.

„МПМ, веројатно, имала големо значење за претходната власт, бидејќи фирмата била рангирана на високото петто место, а вредноста на инсталираната опрема е 5.813.674 или 94.531 евро и само „Фени“ и „Окта“ имаат добиено поскапа опрема“, се вели во текстот на порталот кој во целост може да го прочитате на следниот линк.