По 11 години, и Субхи Јакупи заминува од ДИК


Субхи Јакупи од ДУИ е четвртиот член на ДИК што поднесе оставка на функцијата, по избувнувањето на скандалот со бонусите за последните избори.

Јакупи најавува дека парите од бонусот ќе ги врати во државната каса.

Неговата оставка следува откако вчера од функцииите решија да заминат претседателот на ДИК Александар Чичаковски и членовите од СДСМ Виолета Дума и Игор Милев.

Јакупи е меѓу членовите со најдолг стаж во ДИК досега. Почнувајќи уште од 2006 година, во неколку наврати беше избиран за член на ДИК, а долго време беше и потпретседател на Комисијата.

Другите пет членови на ДИК, од ВМРО-ДПМНЕ, Беса и двајца експерти, засега не одговараат дали и тие ќе си поднесат оставка.