По Штип, Ибрахимовиќ го посети и Скопје (ФОТО)


Фудбалската легенда Златан Ибрахимовиќ деновиве е во посета на Македонија, а како што тврдат повеќето македонски медиуми тој е дојден за лов на диви свињи.

Сепак откако вчера се појавија неколку фотографии од неговата посета во Штип, денеска фотографиите на профилот на еден од најпознатите ловџии во нашата земја Бране Ѓоргиоски потврдуваат дека фудбалерот сега е во Скопје и тоа во Мериот Хотел.


Фудбалерот на Манчестер Јунајтед вчера како гром од ведро небо се појави во Штип и предизвика вистински хаос кај локалното население.