По два часа разговори, лидерите на пауза


По двочасовни разговори, лидерите на четирите партии што учествуваат на лидерската средба во Клубот на пратеници, заминаа на пауза. Тоа се толкува како позитивен знак, бидејќи никој од присутните не го напушти состанокот како што тоа беше при првиот обид вчеравечер. Сепак, дали ќе има договор околу спорните прашања се уште не може да се тврди со сигурност.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на чие барање се одржува средбата во ваков формат, дојде повторно во придружба на Тања Каракамишева. Премиерот Зоран Заев е повторно со Радмила Шекеринска. Поединечно на средбата дојдоа Али Ахмети и Бујар Османи.

Претставник на албанскиот опозициски блок е Билал Касами, од тетовското крило на Беса, иако и Алијансата на Зијадин Села има двајца пратеници.

ВМРО-ДПМНЕ доаѓа на средбата со познатите барања за донесување Закон за финансирање партии и за враќање на владата од Пржино. Барањето за амнестија за 27 април опозицијата не го поврзува засега директно со деблокада на изборот на ДИК, иако владејачките партии сметаат дека токму поради тоа се кочи процесот за спроведување на референдумот. (А.М.М.)

Фото: Борис Грданоски