Почнува судскиот процес за убиството на младиот навивач


Двајцата обвинети за смртта на младиот навивач Никола Саздовски кои се во притвор во затворот во Шутка, денеска треба да се појават во Кривичниот суд каде треба да почне судскиот процес против нив.

Против третото осомничениот Јетон Љужа, за кое обвинителството исто така водеше истражна постапка за истото кривично дело како соизвршител заедно со двајцата сега обвинети, е прекината истражната постапка.

„Со оглед на тоа што трето осомничениот се уште е недостапен на државните органи, за ова лице за кое е распишана домашна и меѓународна потерница, истражната постапка ќе продолжи во моментот кога ќе биде достапно на државните органи”, велат од Обвинителството.

Основното јавно обвинителство тројцата осомничени лица ги гони за кривично дело „убиство на свиреп начин“.

Веризјата на напаѓачите е го виделе Саздо случајно на автобуската без никаков план за убиство. Го нападнале поради нетрпеливоста што ги имаат нивните спротивставени навивачки групи. Саздо бил член на „Комити“, а напаѓачите членови на „Шверцери“.

За овој случај Обвинителството обезбеди вербални и материјални докази, готово е вештачењето од Институтот за судска медицина, а испитан е и законскиот застапник на семејството на Саздовски.

Според првичните информации, Саздовски бил нападнат без употреба на предмети, со голи раце. Институтот за судска медицина во вештачењето ја објаснува причинско-последичната врска на нанесените повреди со смртната последица. Вештаците дале детален приказ за состојбата на момчето по нападот, односно во моментот кога беше хоспитализиран, за неговата состојба во болницата, па сè до настапувањето на смртта.

Средбата на Саздо со тројцата напаѓачи беше кобна за него. Дваесет и едногодишниот Саздовски заврши во болница и по десет дена почина. Двајцата напаѓачи Скендер Д. (19) и Бесир Б. (20) беа фатени и им беше одреден триесетдневен притвор за насилство со смртни последици, а потоа им беше и сменет притворот за кривично дело убиство на свиреп начин. (Ф.Ф.С.)