Почнува средбата на лидерската четворка


Четворица партиски лидери пристигнаа во Клубот на пратеници, каде што секој момент треба да почнат разговорите за референдумските детали.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на чие барање се одржува средбата во ваков формат, дојде повторно во придружба на Тања Каракамишева. Премиерот Зоран Заев е повторно со Радмила Шекеринска.
Поединечно на средбата дојдоа Али Ахмети и Бујар Османи.

Претставник на албанскиот опозициски блок е Билал Касами, од тетовското крило на Беса, иако и Алијансата на Зијадин Села има двајца пратеници.

ВМРО-ДПМНЕ доаѓа на средбата со познатите барања за донесување Закон за финансирање партии и за враќање на владата од Пржино. Барањето за амнестија за 27 април опозицијата не го поврзува засега директно со деблокада на изборот на ДИК, иако владејачките партии сметаат дека токму поради тоа се кочи процесот за спроведување на референдумот.

А.М.М.