Потпишувањето на Договорот низ фотографии


Денешниот ден 17 јуни 2018 од многумина е карактеризина како ден од историско значење, бидејќи Македонија и Грција ставија крај на тридеценискиот спор околу името.

Шефовите на дипломатиите на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас денеска во Псарадес ги ставија своите потписи на договорот за решавање на македонско-грчкиот спор за името и стратегиско партнерство, во присуство на премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас.

Со договорот е предвидено ерга омнес име за земјава, Република Северна Македонија.

На свечената церемонија, во чие подготвување беа вклучени повеќето жители на ова мало рибарско место од грчката страна на Преспанското Езеро, присуствуваат и високи претставници на меѓународната заедница, медијаторот на Обединетите нации во решавање на спорот, Метју Нимиц, чија кариера меѓу другото ја одбележа посредувањето меѓу Македонија и Грција во обидите да се изнајде решение.

Тука се и потсекретарката за политички прашања на Обединетите нации Розмари Ди Карло, високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика на ЕУ и заменик-претседателка на Европската комисија, Федерика Могерини, како и комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, Јоханес Хан.