Потврдено: Заев и Касами се договорија


Постигнат е договор меѓу премиерот Зоран Заев и Билал Касами околу разликите кои ги имаа во делот на државјанството.

„Уште еднаш потврдуваме дека државјанството е македонско/граѓанин на Република Северна Македонија, притоа прифатен е амандман на Уставниот закон со кој се потврдува државјанството македонско/граѓанин на Република Северна Македонија и се појаснува како ќе гласи за граѓаните Албанци на албански јазик, и ќе се утврди во сите закони каде што е тоа потребно. Истовремено, се прифати амандманот на уставниот амандман XXXVI со кој се потврдува дека Републиката подеднакво води грижа за дијаспората на сите свои граѓани“, информираат Владата и Беса во заедничко соопштение.

Дополнително во законот за лична карта ќе се впише и етничката припадност на граѓаните.

„За сите други работи кои беа предложени како амандмани ќе бидат повлечени затоа што правно формално не е можно да се реализираат сега, а остануваме посветени во идно време да работиме на нивно решавање со цел да ги отстраниме и таквиот вид на проблеми со кои се соочуваат граѓаните, а заради постигнување на заедничките европски вредности“, стои во соопштението.