Портпаролска кавга пред седиштето на СДСМ


Пратеникот на СДСМ Костадин Костадинов и портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски имаа денеска жестока расправија пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ и камерите на неколку телевизии.

Кавгата избувна кога Костадинов дојде пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ за да одржи прес-конференција, но во исто време таму се појави и Стоилковски со велосипед. Тие двајцата прво се поздравија, а потоа влегоа во расправија за одѕивот на референдумот и исходот од гласањето.

Од СДСМ реагираа потоа дека е очигледно дека во штабот на ВМРО-ДПМНЕ владее нервоза, дека се негира волјата на над 600 илјади гласачи и дека главна цел на опозицијата, како што е посочено, е амнестијата на Никола Груевски. Од ВМРО ДПМНЕ, пак, одговорија дека не бараат амнестија, туку бара да се истражи криминалот, полнењето кутии и, како што се посочува, останатите нерегуларности на референдумот.