Попоски: Македонија стана полуматурант како кандидат за ЕУ


Македонија требаше да го почне скринингот уште во 2005 година, откако стана кандидат за Членство во ЕУ, изјави Никола Попоски поранешниот шеф на дипломатијата, кој претседава со Националниот совет за евроинтеграции како пратеник на опозицијата.

– Дете што се родило во 2005 година сега е полуматурант. Така и ние сега имаме полуматурант на кој треба да му го смениме менталитетот и матрицата за да не заглави уште повеќе на патот кон ЕУ, рече Попоски.

Тој оцени дека, затоа нема простор за како што рече чочеци во тунели и прослави.

Поповски предизвика негодување меѓу владејачките пратеници обвинувајќи ја власта дека пред еврокомесарот Јоханес Хан демонстрира желба за обединетост околу стратешките приоритети, а откако Хан ќе се качи во авион, како што оцени, ќе продолжи да си прави што сака и да прекршува процедури.

Според вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи говорот на Попоски е евроскептичен и популистички.

А.М.М.