Попладне пороен дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно, околу пладне и попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се движи од 15 до 21, а максималната дневна  од 25 до 33 степени. УВ-индексот ќе биде шест.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе достигне 19, а дневната 29 степени.

За време на викендот во поголем дел од земјава времето ќе биде посончево и потопло, но во северните и западните планински предели не е исклучена изолирана појава на краткотраен дожд и грмежи. Во почетокот на следната недела повторно ќе биде променливо облачно, на повеќе места и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Дневната температура ќе се задржи под просекот за овој период од годината, но ќе бележи благ пораст.