Покана за НАТО в среда, со иста формулација како Црна Гора, Албанија и Хрватска


Македонија ќе биде поканета во НАТО во среда попладне, на првиот ден од самитот во Брисел.

Поканата, според последните информации ќе биде најверојатно со иста формулација како и за Црна Гора, последната нова членка на алијансата. Всушност, станува збор за истата формулација како и за Албанија и Хрватска во 2008 година, на самитот во Букурешт.
Ова го објасни на денешниот брифинг во Владата националниот координатор за НАТО Стево Пендаровски, пред заминувањето на нашата делегација на самитот во Брисел.

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска рече дека поканата е првиот чекор за нашето зачленување во НАТО.

Финална фаза е ратификацијата на договорот за членство во парламентите на земјите членки на Алијансата, а во меѓувреме, рече Шекеринска, се нашите внатрешни обврски, како референдумот за името и уставните измени.

А.М.М.