Подготовки за менување на таблата со новото име на граничните премини


Менувањето на таблите со новото уставно име на државата почнува од граничните премини. На преминот „Богородица“ веќе е пристигната таблата со новото име на државата, а денеска почнаа и подготовки за смена на таблите.
Откако Грција го ратификува протоколот за НАТО, земјава и официјално ќе се именува како Република Северна Македонија, а Владата веќе почна со подготовки за промена на таблите на институциите и патиштата.