Повредени регрути бегајќи од пукање во Центарот за обука во Идризово


Завчера инструктор во Центарот за обука во Идризово пукал со пиштол во близина на десеттина кадети, тврдат извори за Нетпрес. 

На полицаецот инструктор Јордан К. наводно му пречела вревата на младите, па решил да пука со службениот пиштол. Регрутите во паника почнале да бегаат и некои од нив се повредиле.

Од МВР нема потврда за инцидентот. Според неофицијалните сознанија на Нетпрес, Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди го истражува случајот и дали инструкторот бил под дејство на алкохол.