Плаќањето за паркирање возила во Охрид од денеска преку смс порака


Во Охрид како што беше најавено од денеска стартуваше електронската наплата на паркирањето во централното градско подрачје, преку смс порака на бројот 144-644 од сите национални оператори на мобилна телефонија.

Корисниците на услугата за паркинг треба да го следат упатството поставено на инфо-таблите на сите улици на кои се врши наплата согласно СМС системот и да се придржуваат кон насоките за користење на паркинг местата. Доколку имаат потреба од појаснување, на располагање им се контролорите како и телефонски број за информации.

Согласно одлуката за ограничување на паркирањето на подрачјето на Општина Охрид утврдени се три зони и тоа А, Б и Б зона, со цена на наплата за паркирање по 30, 20 и 10 денари за час соодветно.

Наплатата за паркирање важи секој ден за периодот од 7:30 до 3.00 часот.