Пировска: Враќањето на Александар Диневски во затвор е злосторство


„Нека ми прости судската власт ако ја нарушам нејзината “независност и самостојност“ но денешното спроведување на Александар Диневски во затвор е чин на злосторство.

Го посетував додека беше во притвор во Шутка токму поради тоа што му беше сериозно нарушена здравствената состојба и поради тоа беше пуштен. Судот е во тек со неговата состојба и оттука не можам, а да не помислам дека денешниот спровод во Идризово е тенденциозен.

Хелсиншки ќе испрати свој допис до судот со барање за прекин на казната, но се надевам и дека ќе се дознае кој стои зад оваа одлука“ -реагираше на Фејсбук профилот Уранија Пировска од Хелсиншки комитет за човекови права.